Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Макфакс

30/06/2025

10:44

6.150

Големина на фонт

а а а

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ – Латас, и струмичкиот градоначалник од СДСМ Костдин Костадинов, откако новинарот во јавно излагање на поткаст рече дека Костадинов е толку богат, што татко му ја искоцкал куќата и сиот имот, а Костадинов за пет години го вратил тоа, заработувајќи куќа, коли, мотори.

По ова се огласи Костадинов на социјалните мрежи, со објава дека татко му е починат, а кај нив кога некој ќе ја чепне честа на мртов човек, правдата не се моли туку се зема. Неговата објава е насловена „Проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови!“, а во продолжение додава: „И кога ќе ми се роди внук, ќе знаеш дека некој Костадинов некаде знае кој си. И кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамо – бидејќи не знаеш од каде ќе ти дојде наплатата. Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности“, се вели во објавата.

Проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови!


ГО ИЗГОВОРИ ИМЕТО НА МОЈОТ ТАТКО СО ГАДНА УСТА, СЕГА ТИ НЕМА...

Posted by Kostadin Kostadinov on Sunday, June 29, 2025

По „Фејбсук“ статусот се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат: „Најостро го осудуваме повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов, институциите да реагираат“.

„Градоначалникот на Струмица и близок соработник на Заев, оди по неговите стапки. Едниот живи луѓе јадеше, овој сега се заканува на новинари дека ќе се осветува на свој начин. Матрицата на СДС е таа и нема менување. Позади ваквата нарачка за линч на новинар седат директно Венко Филипче и Зоран Заев. Ова се правите лица на соработниците на Заев и Филипче. Повикуваат на убиства на новинари, ова го нема никаде! Партијата чиј член и градоначалник е Костадинов, молчи и не се оградува од коментарите на Костадинов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикаа МВР да реагира и да го повика на распит градоначалникот.