Во левиот агол – вешта и брза змија, во десниот – голем и храбар стаорец.
Сонцето и високите температури ги намамиле животните на отворен пат, каде што случаен минувач снимил нивна борба.
Снимката стана вирална
Сè се случило во петокот на островот Паг, на северниот дел од Јадранот, пренесува "24sata.hr".
„Бевме во Влашичи и од автомобилот ја набљудувавме борбата меѓу змијата и стаорецот. Беше напнато – проценете сами кој победи. На крајот, секој тргна по својот пат“, раскажал авторот на снимката, која брзо стана хит на интернет.
„Тој ја влече за опашката, а таа него го гризе“, стои во описот на видеото. Како заврши епската битка, погледнете во продолжение.
@24sata Rijetka snimka sukoba štakora i zmije na Pagu #24sata #pag #štakor #zmija #hrvatska ♬ original sound - 24sata