[ВИДЕО] Ријана и АСАП Роки случајно го открија полот на бебето: Третото дете доаѓа во рок од 3 години, а ова е единствената работа околу која парот нема конфликти

Точка

01/07/2025

20:18

541

Големина на фонт

а а а

Ријана (37) и АСАП Роки (36) се подготвуваат за раѓањето на своето трето дете. Парот е во врска од 2019 година, а првпат станаа родители во мај 2022 кога добија син, РЗА Атлестон, а потоа и втор син, Рајот Роуз, роден во август 2023.

Пејачката ја откри својата трета бременост на Мет Галата годинава во мај, а сега таа и нејзиниот партнер споделија нови детали.

Раперот АСАП Роки и пејачката Ријана го очекуваат своето трето дете, а многумина веруваат дека раперот можеби го открил полот на бебето. Роки присуствуваше на премиерата на „Штрумфови“ во саботата, а новинар на „Ентертејмент Тунајт“ (Entertainment Tonight) го праша: „Дали е ова девојчето што го чекавте?“.


„Да, човече. Да“, рече кратко тој, држејќи кукла Штрумфета и додавајќи: „Еве. Знаете што велам? Еве.“ Потоа новинарот му рече: „Знаеш што те прашувам“, а раперот само се насмеа без да открие други детали.

Неговиот одговор стана вирален на социјалните мрежи, а многумина рекоа дека раперот „дефинитивно го открил“ полот на бебето. Други го пофалија што бил резервиран за време на интервјуто и што не открил детали.

АСАП и Ријана се во врска од 2020 година и имаат две деца заедно, синовите РЗА и Рајот. Во мај, тие открија дека го очекуваат своето трето дете на многу посебен начин. Имено, двојката присуствуваше на овогодинешната Мет Гала, а Ријана го покажа своето стомаче во тесен фустан.


Минатата година, таа откри дека планира да „се обиде да добие девојче“, но дека нема да биде разочарана ако има трет син. „Ако е уште едно момче, тогаш е уште едно момче“, рекла таа.

Откако и првото и второто синче ги добија имиња што започнуваат со буква Р, пејачката без дилема потврди дека тоа ќе биде и почетната буква и за третото дете.

„Секогаш ќе биде име со Р, тоа е единствената работа околу која Роки и јас никогаш не се караме“, рече таа со насмевка.

Од самиот почеток на мајчинството, Ријана отворено зборува колку ужива во таа улога и често истакнува дека тоа ѝ е најдобрата животна улога, но исто така е и многу реална. Призна дека е исцрпена, ненаспана и дека никогаш по породувањето не се вратила на тоа каква беше порано – не нужно физички, туку ментално.