Новиот дел од франшизата доаѓа во април 2027 година, а една информација ќе ја направи среќна публиката.
Актерот Вин Дизел (57) ги изненадил обожавателите со објавата поврзана со последното продолжение на филмскиот серијата „Fast&Furious“, пишува „Daily Mail“.
Дизел во саботата навечер се појавил на сцената на фестивалот „Fuel Fest“ во Калифорнија каде дал најнови информации за филмот „Fast X Part 2“.
Тој носел маичка со натпис „Fast X Part 2 Los Angeles Production 2025“, а пред публиката ги открил своите три услови за снимањето на финалното продолжение.
„Од студиото ми рекоа: Вин, те молам, може ли да ја завршиме франшизата Fast & Furious во април 2027 година? Реков: Под три услови. Прво, да ја вратиме франшизата во Лос Анџелес. Второ, да се вратиме на автомобилската култура, улична трка. Трето, повторно враќање на Брајан О’Конер“, изјавил актерот, мислејќи на покојниот колега Пол Вокер.
„Тоа ве чека во финалето. Ве сакам“, додал Дизел, а потоа ја прегрнал мајката на Пол, Шерли. На сцена му се придружил колегата Тајрис Гибсон којшто споделил видео во кое обожавателите врескаат од возбуда.
Инаку, Пол Вокер бил среде снимање на „Furious 7“ кога трагично починал во автомобилска несреќа во ноември 2013 година. Продукцијата тогаш запрела на неколку месеци додека не одлучиле што ќе прават со ликот на Брајан О’Конер.
Кога снимањето продолжило, одлучено било ликот да се повлече од акција. Во емотивната завршница на филмот, Брајан се вози на зајдисонце, напуштајќи ја екипата за повеќе време да помине со семејството, со легендарниот хит „See You Again“.
За дополнителните сцена дублери биле браќата на Пол, Коди и Кејлеб, додека пак лицето на Пол дигитално било додадено во постпродукцијата.
Ликот на Брајан О’Конер не се појави во ниту едно од подоцнежните продолженија, иако повремено бил спомнуван и прикажуван како да е жив.