Чаби изненаден од своето откровение: Не го очекував ова од него

Дерби

02/07/2025

12:24

312

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо го доечка првиот тест како тренер на Реал Мадрид уште во раната фаза на ова лето, а причина за тоа е историското издание на Светското клупско првенство.

Новиот тренер на Реал доби шанса да ги тестира играчите и да испробува идеи многу порано од вообичаеното, па иако воглавно се потпре на фудбалери кои беа стартер и кај Карло Анчелоти, на одиграните четири натпревари во фокусот се најдоа и двете засилувања, како и Гонсало Гарсија.

Трент Александер Арнолд и Дин Хаусен се стандардни во почетните 11, но најголемо изненадување е младиот Гарсија кој вчера го постигна и третиот гол на овој клупски мундијал.

Добрата реакција на младиот голгетер беше доволна за победа против Јувентус, по што и самиот Чаби призна дека не очекувал толку добар ефект на 21-годишниот фудбалер.

– Сметам на него за Светското клупско првенство, а анализите за следната сезона ќе ги правиме подоцна во текот на летото. Ќе има време за тоа, сега сме фокусирани на тоа што го нуди на мундијалот. Да бидам искрен, не очекував да постигне три гола на четири натпревари, но знаев дека можам да се потпрам на него. Работи добро, цело време ги тера дефанзивците на работа и одличен е во пресинг играта. Верував во него и со изданијата уште толку ја заработува довербата, – вели Чаби.