Минатата година Ноле морал да добие дозвола да го носи својот стегач за нога затоа што не можел да најде бел, а Андре Агаси го бојкотирал Вимблдон затоа што со години не му било дозволено да носи разнобојна опрема.
Зошто на Вимблдон мора да се носи бела боја?
Вимблдон е најстариот тениски турнир на светот и со самото тоа најпрестижниот, а него го следат низа традиции и строги правила.
Едно од најважните е тенисерите мора да носат бело од глава до пети. Тоа подразбира маица, шорцoви, фустани и здолништа, патики (вклучувајќи ги и врвките и ѓоновите), чорапи...
Минатата година многу се зборуваше за тоа што Новак носел сив стегач за нога, за што морал да добие посебно одобрување затоа што претставува кршење на правилата на Вимблдон.
Зошто воопшто Англичаните толку инсистираат на белата облека на Вимблдон?
Одговорот на тоа зошто белата боја е најстрогото вимблдонско правило е долго и комплицирано, а најкраткиот одговор би гласел – затоа што така пишува во кодексот на облекување.
Белата боја во кодексот влегла уште откако тоа е напишано, во текот на 80-тите години на 19 век, а одлучено било ова да биде правило за на играчите да им се гледаат помалку флеки од потта.
Откако било утврдено дека дамките повеќе се забележуваат на ткаенината во боја, донесена била одлуката тенисерите да настапуваат во бела облека.