Милер даде дециден одговор за идејата да заигра за Јунајтед

Дерби

02/07/2025

14:29

653

Големина на фонт

а а а

Томас Милер ги брои последните денови во Баерн Минхен и ќе ја завши својата етапа во баварскиот великан по крајот на Светското клупско првенство, етапа по која е подготвен да отвори едно ново поглавје во кариерата.

Легендарниот Германец не планира да се пензионира и веќе има неколку понуди на маса за да остане дел од елитата, но во оваа фаза од летото, Томас нагласи дека се уште нема донесено никаква одлука.

Напаѓачот на Баерн последно седна на опуштен разговор со Кејт Абдо (новото презиме и е Скот) и отворно говореше на многу теми, а познатата водителка му постави и едно прашање поврзано за минатото со Премиер лигата.

Милер пред неколку години сериозно се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, па доби директно прашање од Кејт дали бил заинтересиран за трансфер на „Олд Трафорд“.

– Многу пати бев заинтересиран за тоа, но да не мислиш за сега?, – запраша Милер, по што даде кристално јасен одговор.

– Не, не, сега не. Јас не сум вистински човек за нив и тие не се вистински клуб за мене. Тие сакаат да имаат забава, а и јас сакам да се забавувам, па мислам дека тоа не е добра врска во овој момент, – изјави Милер.