Јапонска студија потврдува: Овој напиток го намалува ризикот од деменција за 25 отсто

Точка

03/07/2025

10:53

736

Големина на фонт

а а а

Има сѐ повеќе достапни информации за здравјето на мозокот, но бројот на случаи на деменција и натаму расте.

Процените покажуваат дека бројот на новозаболени би се удвоил до 2060 година. Со оглед на тоа колку знаењата за мозокот и превенции на болести се прошириле, тој податок е посебно загрижувачки. Клучната улога во превенцијата, покрај генетиката и животните навики, има и исхраната.

Една голема јапонска студија ја истражувала поврзаноста меѓу внесот на зелен чај и ризикот од деменција.

Во студијата учествувале над 13000 возрасни лица кои биле следени во просек 11,5 години.


Испитаниците пополнувале формулари за честата консумација на напитоци како чај и кафе, а забележани биле и случаи на деменција дијагностицирани во текот на тој период.

Резултатите покажале дека оние кои пиеле најмалку 600 милилитри зелен чај дневно имале 25 отсто помал ризик од деменција во споредба со оние кои пиеле помалку од 94 милилитри.

Слични антиоксиданти се наоѓаат и во темното чоколадо, црешите и бобинките. Дејството не било исто кај оние кои консумирале голема количина кафе со зелен чај.

„Додавање кафе со голема количина зелен чај не го намалило ризикот дополнително заболување“, наведуваат авторите на студијата

Можно е комбинацијата на високите количини кофеин да има негативен ефект затоа што некои испитаници ја надминале препорачаната дневна доза на кофеин. Исто така зелениот чај и кафето содржат различни растителни компоненти кои можат да делуваат спротивно.


Зелениот чај е особено богат со антиоксиданти кои според претходни истражувања може да ги намали воспаленијата и собраните протеини поврзани со Алцхајмерова болест.

Иако и други чаеви имаат корист, зелениот има најголема концентрација на корисни компоненти.