Пиперките полнети со месо се јадење што секој народ го приготвува на свој начин – додека ние на Балканот често ги вариме во доматен сос, Французите претпочитаат да ги печат во рерна, збогатени со ароматични билки кои им даваат дополнителна длабочина на вкусот.
Иако обично користат помали, благи пиперки, можете да користите и обични големи пиперки – само печете ги подолго време. Ова е рецепт кој ги комбинира едноставноста на подготовката и богатството на медитеранските ароми.
Состојки за печени полнети пиперки:
За филот од месо:
450 г мелено месо (по можност мешавина од свинско и говедско месо)
100 г стар леб исечен на коцки
80 мл полномасно млеко
1 мала главица кромид
1 до 2 чешниња лук
2 лажички сечкан свеж магдонос
1 лажичка оригано
1 лажичка мајчина душица
растително масло по желба
сол и црн пипер по вкус
За прелив и печење:
80 мл пире од домати
80 мл вода
12 мини пиперки или 6 поголеми пиперки
1 мала главица кромид
1 до 2 чешниња лук
1 лажица мешавина од медитерански зачини
1 ловоров лист
сол и бибер по вкус
растително масло по желба
Подготовка на филот:
Потопете ги коцките стар леб во млеко додека да омекнат. Измешајте ги со мелено месо, ситно исечкан кромид и лук, магдонос, оригано, мајчина душица, малку масло, сол и бибер. Сè добро измешајте и оставете настрана.
Подготовка на пиперките:
Измијте ги пиперките, исушете ги и внимателно отсечете ги врвовите – тие подоцна ќе послужат како капачиња, а отстранете им ги семките и белите мембрани.
Полнење:
Наполнете ги пиперките со подготвениот фил и затворете ги со нивните „капачиња“. Наредете ги во огноотпорен сад за печење.
Подготовка на сосот:
Во сад истурете ја смесата од доматно пире и вода. Додадете ситно исечкан кромид и лук, зачини, ловоров лист, сол и црн пипер. Целата смеса прелијте ја врз пиперките и по желба додадете уште малку масло.
Печење:
Ставете ги пиперките во претходно загреана рерна на 180°C и печете околу 35-40 минути. Доколку користите поголеми пиперки, печете подолго време додека сè не се испече убаво и месото не е целосно термички обработено.
Сервирање:
Сервирајте со пире од компири, варен ориз, сезонска салата или свеж леб.