Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

Точка

03/07/2025

16:12

433

Големина на фонт

а а а

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативен банкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност.

Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство.



Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.


Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 - 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените.


Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.


Комерцијален текст