[ФОТО] Рамо до рамо со принцезата Дајана и Кејт Мидлтон: Најдобро облечената актерка во историјата на Вимблдон никогаш не разочарува

Точка

05/07/2025

21:00

1.652

Големина на фонт

а а а

Не постои список со модни изданија што воодушевувале во текот на долгата историја на Вимблдон, каде што би можело да се пронајде името на холивудската ѕвезда, која блеска во секоја пригода, а најпрестижниот тениски турнир навистина буди посебна инспирација во неа.

Кога зборуваме за дамите кои од година в година привлекуваат внимание на трибините на Вимблдон, името на популарната актерка Сиена Милер е секогаш на врвот на листата.


Британската филмска ѕвезда и модна икона отсекогаш знаела како да изгледа лежерно, но беспрекорно, што Вимблдон, како настан со посебна модна тежина, особено го цени.


Во изминатите години, ѕвездата на филмовите „Алфи“, „Ѕвезден прав“ и „Казанова“ на овој престижен турнир ги покажа сите нијанси на својот стил – од бохо шик до класична англиска елеганција со модерен пресврт.


Едноставни кроеви и неутрални бои

Сиена речиси никогаш не се појавува на Вимблдон во агресивни дизајни или светли, „врескачки“ бои. Напротив, нејзиниот избор се ванила, беж, пастелно сина, сива и бела боја, што дава впечаток на софистицираност, а воедно води сметка за дрес-кодот на најпрестижниот тениски турнир во светот.


Дури и кога носи принтови, тие се чисти класици и одмерени: бели и сини карирани парчиња или пристојни туфни, секогаш без претерување.


Досега, на трибините на Ол Ингланд клубот Милер носела едноставни струкирани фустани, елегантни сакоа, романтични комбинезони, панталони со висок струк со свилени блузи.


Сите нејзини вимблдонски комбинации изгледаат едноставно, но всушност се внимателно осмислени.


Аксесоарите пак се речиси незабележливи, но клучни за впечатокот: очила со златни рамки, чанти изработени од природна кожа во неутрални тонови, златни обетки, тенки прстени, честопати сите во ретро стил.