Откако AI.Weekend минатата година донесе истакнати говорници од OpenAI, Tinder и други водечки глобални технолошки компании, овој септември настанот оди уште еден чекор напред. Од 18. до 21. септември, Ровињ повторно ќе биде центар на најважните разговори за вештачката интелигенција, со посебен фокус на иновации кои доаѓаат од срцето на Силиконската долина и глобалните технолошки лидери како TikTok. AI.Weekend не е само место за размена на мислења, туку платформа на која се раѓаат идеи кои ја менуваат реалноста.
Оваа година, главниот говорник доаѓа од Силиконската долина – Шил Монот, истакнат партнер во venture capital фондот Better Tomorrow Ventures и еден од највлијателните и најпрепознатливите гласови во глобалната стартап сцена. Како инвеститор и иноваторт со обемно искуство во fintech секторот, Шил носи единствена перспектива за тоа како најважните светски инвеститори размислуваат кога инвестираат во технологии кои веќе денес го менуваат начинот на кој живееме и работиме. Неговиот широк увид во AI, во иновации и управување со ризици сигурно ќе биде еден од најсилните и најинспиративните моменти на фестивалот.
На сцената на AI.Weekend доаѓа и претставник на една од највлијателните дигитални платформи во светот – TikTok, менаџерот за јавни политики и односи со владите за регионот на Централна и Источна Европа во TikTok, Лукаш Габлер, кој ќе зборува за тоа како напредните AI решенија се применуваат во дигиталните производи и како големите глобални компании брзо ги воведуваат и скалираат, менувајќи ги правилата на играта во своето работење.
Нова визија на AI.Weekend
Новиот програмски директор на овогодишниот AI.Weekend е Никола Павешиќ, искусен советник и познавач на регионалната стартап и технолошка сцена, кој донесува стратегиски фокус и меѓународна релевантност во развојот на програмата.
„AI не бара дозвола, туку менува сè околу нас со брзина која едвај ја следиме. Во улогата на програмски директор, мојата цел не е организирање на уште една конференција за технологија со содржина која се движи неодредено, туку сакам да донесам луѓе кои ја создаваат таа иднина токму сега, и кои можат на посетителите да им ја покажат примената во различни индустрии и аспекти на животот. Со подготовка и работа доведуваме инвеститори кои ја финансираат AI револуцијата, девелопери кои градат алатки што ги користиме секој ден и лидери кои носат одговорност за воведување на AI во традиционалните индустрии. Ровињ нема да биде место за теорија, туку место каде се носат одлуки кои ќе ја обликуваат следната година и многу се радуваме на тоа“ истакна Павешиќ.
Што уште нé очекува?
Говорниците како Монот и Габлер ќе бидат придружувани од силна регионална екипа. Додека Божидар Павловиќ, партнер во AYMO Ventures, ќе донесе широк увид во светот на ризичниот капитал, инвестициите и финансирањето на AI иновациите, Ервин Јагатиќ, директор на производи во Infobip, ќе се фокусира на развојот на производната стратегија во ерата на вештачка интелигенција и предизвиците на скалирањето на AI решенија. Lineup-от на говорници го заокружува и Јосип Ќесиќ, коосновач и CEO на компанијата Gideon, кој ќе ги сподели искуствата во развојот на напредни deep tech решенија од прва рака, додека Срѓан Ковачевиќ, коосновач и CEO на Orqe, ќе открие како изгледа глобалниот успех на хрватскиот хардверски производ и што стои зад брендот кој го менува начинот на кој светот гледа на FPV (first-person view) технологијата.
Повеќе информации за програмата и сите дополнителни активности на овогодишниот AI.Weekend достапни се на официјалната веб-страница и на социјалните мрежи на фестивалот – LinkedIn, Instagram и Facebook.
Комерцијален текст