Нашата ќерка, Ивона Антова, 21-годишно девојче со огромно срце и љубов кон животот, планинарењето и модата, трагично го загуби животот на 16 март 2025 година. Но таа не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, беспомошна, претепана и без медицинска грижа, додека бараше спас, се вели во објавата од семејството на девојката која е една од жрвтите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
– Во тие последни часови, Ивона самата ја снимила својата борба, како ја буткаат,паѓајќи на земја,молејќи се за помош, повикувајќи „брааат, дај рака, помогни“ ,брат,браааат– но никој не ѝ подаде рака. Наместо спас, добила удари и игнорирање од тие што биле околу неа.
Ја најдовме во болницата – оставена сама на интерно одделение, без кислород, само покриена со ќебе, на перница со флека од последните здивови. Татко ѝ ја најде легната на страна, со рачето под главата, како да се обидела да стане, а не можела. Јас, нејзината мајка, не можев ни да ја видам – бев во шок, приклучена на инфузија, а срцето ми умираше со неа, се вели во објавата.
Ивона не починала веднаш од пожарот, објаснуваат од нејзиното семејство.
– Таа беше до вратата за излез,чекајќи се бореше, снимаше цело време и сликаше како ја бутаат другарите,се молеше за помош, но беше оставена од сите. Не доби помош кога најмногу ѝ требаше. Бараме правда за нашето чедо. Бараме тие што затаија и тие што ја оставија да одговараат. Бараме да не се заборави оваа неправда – затоа што никое дете не заслужува да умира само, во болка и страв.
Љубовта кон Ивона нема никогаш да згасне. Ќе се бориме за неа, како што таа се бореше до последниот здив.
ЈАВЕН АПЕЛ: ПРАВДА ЗА ИВОНА АНТОВА – ЧЕДОТО ШТО ГО ОСТАВИЈА САМО ВО СМРТТА
Нашата ќерка, Ивона Антова, 21-годишно...
Posted by Stojka Ivanova Antova on Sunday, July 6, 2025