Луис Енрике откри кои пораки се најчести откако го потопи Реал: Телефонот ми е полн…

Дерби

10/07/2025

11:42

384

Големина на фонт

а а а

ПСЖ го оправда статусот на актуелен европски шампион во дуелот со Реал Мадрид и покажа дека во овој момент е за две или три класи повоигран и поквалитетен тим од оној кој сега го води Чаби Алонсо, нешто што најдобро го отсликува и конечниот резултат.

Триумфот од 4:0 му дава јасна слика на Алонсо дека ќе има огромна работа пред себе за време на летните подготовки, но од друга страна пак, сатисфакцијата кај Луис Енрике е уште поголема, особено ако се знае дека неговиот ПСЖ ќе се бори за уште еден голем трофеј.

Откако ги освои сите титули во Франција и онаа во Лигата на шампиони, ПСЖ во финалето против Челси ќе се бори и за епитетот светски шампион, а пред да почне да размислува на тоа, Лучо откри дека добил безброј честитки од навивачи и легенди на Барселона.

Убедливиот триумф на ПСЖ израдува и голем број фанови на Барселона, па Лучо на новинарите им откри дека најчести пораки биле оние од „кулесите“.

– Телефонот ми е полн со пораки за честитки, а најчести се оние од „кулесите“ (фанови на Барса). Не сопревме по водството од 3:0, едноставно решив дека треба да одморам некои играчи кои беа под ризик од повреда. Кога играте против Реал Мадрид, секогаш давате 100 проенти од себе. Реал Мадрид е голем клуб и ќе остане голем клуб.

– Не знам дали овие 4:0 се најреална отслика за разликата која постои меѓу двата тима, но станува збор за две сосема различни ситуации. Јас работам во ПСЖ веќе две години, а Чаби Алонсо самошто започна во Реал. На Чаби ќе му биде потребно време, ќе мора да одработи пресезона и прерано е да се даваат било какви заклучоци за неговата работа. Не може да се споредуваат ПСЖ и Реал во овој момент, – изјави Луис Енрике.