Хендерсон стави крај на кратката етапа во Ајакс

Дерби

10/07/2025

13:20

345

Големина на фонт

а а а

Џордан Хендерсон постигнал договор со Ајакс за крај на соработката и ќе биде слободен агент во актуелниот преоден рок.

Повремениот англиски репрезентативец направи интересен потег, откако по незадоволството од престојот во Саудиска Арабија, реши да се врати во Европа, но во редовите на холандскиот гигант.

Искусниот играч за врска беше и капитен на Ајакс, но покрај обезбедениот настап во Лигата на шампионите, сезоната заврши со разочарувачки прокоцкани девет бодови предност во однос на ПСВ, кој на крајот ја освои титулата.

Ајакс инфомираше дека Хендерсон побарал да замине една година порано од предвидената соработка и тоа барање било прифатено.

Во своето кратко соопштение, Хендерсон му се заблагодарил на холандскиот клуб, но не сакал да зборува повеќе за ситуацијата поради трагедијата во која животот го загубија неговиот поранешен соиграч Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.