Одејќи по планинска патека, ѝ се појави крволочен ѕвер: Само една работа ѝ го спаси животот

Точка

10/07/2025

14:27

1.934

Големина на фонт

а а а

Кортни Разура доживеа момент кој ќе го памети цел живот, додека пешачеше по зафрлена патека во Калифорнија. На само неколку метри пред неа се појавила пума, но таа точно знаела како да се однесува и да остане безбедна.

Страшната средба се случила на 3 јули околу 18:30 часот, на патеката Гридли во близина на градот Охај, објави "Daily Mail".

Кортни уживала во природата и накратко погледнала во својот телефон. Кога повторно ја кренала главата – сфатила дека повеќе не е сама.

Наместо да побегне, што за многумина е инстинктивна реакција при средба со потенцијално опасно животно, таа ја погледнала пумата директно во очи и започнала да снима со својот телефон.

Како искусна планинарка, се трудела да не прави нагли движења кои би можеле да ја испровоцираат ѕверката. Воедно, гласно повторувала зборови како „Не“ и „Оди“, а во еден момент дури и викнала за да ја исплаши.

„Се повлече во грмушките, но потоа повторно излезе на патеката“, раскажала Кортни.

Неколку напнати секунди

По неколку крајно напнати моменти, нејзината стратегија за преживување се покажала успешна – пумата се повлекла и избегала по ридот.

„Ти благодарам“, се слуша Кортни на видеото.

Таа открила дека по истата патека пешачи веќе 15 години, но никогаш досега не сретнала пума.


„Ова беше многу блиску“

Иако е благодарна што успеала одблиску да види диво животно и да остане неповредена, Кортни вели дека во иднина ќе биде многу повнимателна и повнимателно ќе ги планира своите прошетки.

Видеото го споделила на "Instagram", каде собрало илјадници прегледи и коментари.

„Ова беше многу блиску“, напишал еден корисник, а друг додал: „Нејзината реакција беше совршена“.

Мора да останете смирени

Националната служба за паркови (NPS) советува планинарите да останат смирени доколку наидат на пума, да не бегаат и да не ѝ приоѓаат.

Според "NPS", пумите се клучен дел од екосистемот бидејќи ја контролираат популацијата на елени.

„Ризикот од смрт или повреда при средба со пума е значително помал од другите природни опасности“, се наведува во нивното соопштение.