Ширер за офанзивeцот на Челси: Нема да ме изненадат ако го продадат

Дерби

11/07/2025

11:49

162

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Челси постојано влече потези на пазарот и тоа очекувани и неочекувани, па клубот дефинитивно има вишок на играчи во овој момент и се очекува реакција во наредниов период.

Доста офанзивци беа доведени во претходниов период и тоа според Алан Ширер може да донесе продажба на фудбалер кој до „вчера“ беше главен напаѓач на екипата, Николас Џексон.

- Да не се правам адвокат на ѓаволот, ама Џексон може да биде продаден. Тоа не би ме изненадило ако биде продаден на некого, без разлика дали е во нашата земја или не, тоа не би ме изненадило ако ја донесат таа одлука. Имаат сериозни опции на секоја позиција во нападот, - истакна Ширер.

Челси како напаѓачи веќе ги донесе Лиам Делап и Жоао Педро, доведен беше и Џејми Гитенс, а ќе пристигне и талентираниот Естевао што јасно говори дека конкуренцијата е жестока и тренерот Мареска ќе има доста опции на располагање.