Модриќ: Сега можам да кажам со чиста совест, Флорентино ме третираше поинаку од останатите!

Дерби

11/07/2025

11:56

285

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ е еден од ретките примери во историјата на Флорентино Перез кој добиле низа продолжувања на договорот по истекот на 33-та година од животот, а Хрватот успеа да се задржи во првиот тим на Реал до 39-годишна возраст.

Неповторливиот играч за врска завчера го одигра последниот натпревар во дресот на Реал Мадрид и истиот нема да го памети по добро, но поразот од 4:0 против ПСЖ не може да омаловажи една блескава и историска кариера на „Сантијаго Бернабеу“.

Модриќ освои се што можеше да се освои како член на „кралскиот клуб“, а во финишот стана и најуспешен играч во историјата на Реал Мадрид, надминувајќи ги Марсело и Карим Бензема.

По повод заминувањето од Реал, Модриќ одработи и проштално интервју со клупската телевизија, па истото го искористи за да испорача една изјава со која јасно стави до знаење каква врска изградил со Перез во изминатите 13 години.

– Флорентино беше многу важен за мене од првиот ден. Од првиот момент кога ме доведе, се почувствував дека добива специјален однос. Секогаш ме третираше многу добро, а сега кога сум на крајот, можам да го кажам ова со чиста совест: Тој ме третираше поинаку од останатите. Имаше специјална љубов кон мене и мислам дека тоа најдобро се виде на последниот меч кој го одиграв на „Бернабеу“. Никогаш немав видено како плаче нашиот претседател, – вели Модриќ.