Премиерлигашот продолжува да влече потези: Арсенал ќе потроши 52 милиони фунти за новото засилување

Дерби

11/07/2025

11:58

173

Големина на фонт

а а а

Арсенал дефинитивно сака соодветно да им одговори на Ливерпул и Манчестер Сити и нивнните активности на трансфер пазарот, па клубот од Лондон е на добар пат да го добие четвртото засилување во овој преоден рок.

Англискиот вицешампион официјално веќе ги обезбеди голманот Кепа Аризабалага, играчот за врска Мартин Зубименди и досегашниот капитен на Брентфорд, Кристијан Норгард, листа на која сега ќе биде додаден и Нони Мадуеке.

Офанзивецот ги договорил личните услови со „топчиите“ кои пак успешно ги завршиле преговорите со Челси за операција вредна 52 милиони евра. Мадуеке е крилен напаѓач кој најчесто игра на десната страна каде Артета ги има на располагање Сака и младиот Нванери, па останува да видиме каде Нони ќе биде користен во новата средина.

Тој има 23 години, претходно има играно само уште за ПСВ. Повремениот англиски репрезентативец доби петгодишен договор.