Џон Тери е една големо име, ас кој како лидер одбележа една супер значајна ера во премиерлигашот Челси, а во исто време беше меѓу најзначајните играчи на англиската репреентација.
Тој ја заврши кариерата во 2018 година во Астон Вила и иако потоа покажа тренерски амбиции засега не може да се пофали со некој ангажман и резултати во кои имал сериозен удел.
Тери веќе има и 44 години што секако е возраст во која добро пливаат доста добри и квалитетни стратези. Некогашниот стопер чека шанса, а во меѓувреме истакна дека е разочаран од нивото, состојбата во која се наоѓа денешниов фудбал и посочи зошто еден друг турнир станува се поинтересен за јавноста на островот.
- Веќе не седам и не уживам гледајќи фудбал. Момците што ја започнаа „Baller League“, човекот по име Феликс, кој има поддржувачи од Германија и од целиот свет, им беше преку глава да гледаат тактички натпревари. Како кога тимовите играат против Манчестер Сити и имате 11 играчи зад топката, досадно е. Манчестер Сити се обидува да го разбие противничкиот тим, навистина е досадно.
- Не гледате многу шутеви, не гледате луѓе како Еден Азар или Џо Кол како ги стануваат луѓето од нивните места, - истакна Џон кој пак ја спомена „Baller League“ и правилата.
- Тие ја започнаа лигата (со правила) како кога ќе ја поминете средината на теренот, мора да одите напред, не можете да се вратите назад. Генерацијата на деца обожава да го гледа. Мислам дека (бројката на гледачи) повторно ќе расте, но доаѓа до точка каде што луѓето се презаситени од фудбалот, - порачува Џон за „Токспорт“.