Поставен е камен темелник на новата фабрика на „Чагатај Кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра

Макфакс

11/07/2025

12:48

593

Големина на фонт

а а а

Поставен е камен темелник на новата фабрика на „Чагатај Кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра и 200 нови работни места, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

„Компанијата „Чагатај Кабло“ започнува со изградба на нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 1. Се работи за инвестиција во вредност од 6 милиони евра. Ќе се изгради објект со површина од 10.000 квадратни метри и ќе се отворат нови до 200 работни места или вкупно како што кажа и претседателот на Управниот одбор, ќе дојдеме до бројка од 500тини работни места кои што ќе произведуваат овде во производните капацитети на компанијата „Чагатај Кабло““, кажа Мицкоски.


Тој додаде дека со ова ќе се воведат нови технологии, ќе се прошири капацитетот и ќе се создаде идна вредност што ќе остане овде- во нашата татковина.

Секој ваков почеток не е добар само за компанијата, додаде Мицкоски, туку е добар за локалната заедница, добар за националната економија и добар за иднината на секој млад човек што сака да остане овде.

„Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности. Земја во која трудот се исплатува. Земја во која инвестицијата има смисла. Земја во која институциите се партнери на бизнисот- не пречка, туку поддршка“, рече Мицкоски.