[ВИДЕО] Aрсовска физички нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: Побарала лекарска помош

Макфакс

11/07/2025

15:58

3.765

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир.

Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица.

„На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани“, потврдија за „Макфакс“ од МВР.

Данела Арсовска, во живо пред Ургентен центар 8.септрмври

Posted by INFOMAX.mk on Friday, July 11, 2025

Истата, според соопштеното не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош.