Следува период на сончево и топло време, температурата утре до 36 степени

Макфакс

11/07/2025

17:46

113

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.