Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Макфакс

11/07/2025

18:00

823

Големина на фонт

а а а

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни обврските што самата ги презела.

Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков во врска со „неприфатливиот и навредлив јазик на Мицкоски кон министерот за надворешни работи Георги Георгиев“, објави БГНЕС.

„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини“, вели Жељазков.


Тој додаде дека политичката зрелост бара да се исполни она што е договорено.

„Довербата во овие времиња е многу кревка“, истакна премиерот.

Желјазков изјави дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Република Македонија, но непоколебливо врз основа на исполнувањето на обврските од договорот од 2022 година и Договорот за добрососедство, според написите во медиумот.