ЗНАМ најостро го осудува секој облик на насилство врз избрани функционери: Ваквите појави се недозволиви и мора да бидат санкционирани

Макфакс

11/07/2025

19:28

126

Големина на фонт

а а а

„Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје најостро го осудува секој облик на насилство, закани и притисоци врз избрани функционери, без разлика на политичката припадност. Во демократска и правна држава, ваквите појави се недозволиви и мора да бидат санкционирани со полна сила на институциите, за да ја зачуваме вербата во системот и владеењето на правото“, велат од ЗНАМ.

„Очекуваме надлежните органи без одлагање да го расветлат случајот, да ги утврдат сите факти и да обезбедат целосна транспарентност пред јавноста.

Политичките разлики се природни и потребни во едно демократско општество, но никогаш не смеат да се претворат во говор на омраза, лични напади или закани. Веруваме дека Скопје може и мора да се води со разум, достоинство и визија.

Затоа остануваме доследни на вредностите на дијалогот, почитта и зрелото управување, затоа што Скопје заслужува управување кое ги чува неговите корени и го носи кон светла иднина“, се наведува во соопштението на ЗНАМ.