Гостите во шок од сметка од речиси илјада евра – сопственикот ладно одговорил: „Знаеја што нарачуваат“

Точка

12/07/2025

10:41

4.607

Големина на фонт

а а а

Фотографија од сметката брзо се прошири на социјалните мрежи, а случајот го пренесоа и италијанските медиуми, вклучувајќи ја и „La Repubblica“.

На италијанскиот остров Понца, познат по луксузниот туризам, четворица гости предизвикаа бурни реакции откако во ресторанот "Il Rifugio dei Naviganti" платија неверојатни 923 евра за ручек. Најскапото јадење било тестенини со јастог, кои сами по себе чинеле 759 евра, а дополнително биле нарачани и две шишиња локално вино по 60 евра.


Фотографијата од сметката брзо стана вирална на социјалните мрежи, а случајот го пренесоа и италијански медиуми, меѓу кои и „La Repubblica“. Како што пренесува"Fenix", многумина биле згрозени од износот од приближно 225 евра по лице, а дел од коментарите дури предложиле и пријава до финансиската полиција.


Сопственикот на ресторанот, Марио Копа, тврди дека сè било транспарентно – според него, гостите ги виделе живите јастози, ја знаеле нивната тежина и цената:

„Кој нарачува јастог, знае што може да очекува“, изјавил тој.


Слични случаи со високи сметки сè почесто се случуваат низ Европа – од скапи шницли во Германија, до обиди за бегство од сметка од 3.200 евра на крузер.