Авторката на профилот на Тикток „Само Кејт“ привлече големо внимание со видео клип за моментот кога правела ДНК тест.

Точка

11/07/2025

19:19

505

Големина на фонт

а а а

Авторката на профилот на Тикток "just Kate" привлече големо внимание со видео клип за моментот кога правела ДНК тест.

Како што објасни, таа е единствената во семејството со потемна коса и тен, што долго време ја збунувало. Затоа решила да направи ДНК тест – кој целосно ѝ го променил животот, објавува „Мирор“.

Таа објаснила дека е родена во Франција и дека нејзините родители биле Португалци, но дека отсекогаш била длабоко привлечена од антички Египет – до степен до кој го опишала како опсесија. Кога пораснала, отпатувала во Египет, каде што уште повеќе се заљубила во културата, кујната, луѓето и сè што имало врска со таа земја. По враќањето дома, љубопитноста ја натерала да направи ДНК тест. Долго време ја збунувало тоа што луѓето не ѝ верувале кога рекла дека е по потекло од Португалија. Често ѝ кажувале дека повеќе личи на некој од Блискиот Исток, од Либан, Мароко, Тунис или Грција, отколку на Португалка.

Сомнежите ја излудувале, а фактот дека била единствената бринета во семејството – нејзините браќа и сестри имаат светла коса и сини очи – дополнително ја зголемила конфузијата. Нејзината мајка нагалено ја нарекувала „мала Клеопатра“ во детството.


Во 2019 година, Кејт направила ДНК тест од љубопитност и чекала околу шест недели за резултатите. Резултатите покажале дека 58,4 проценти е Египќанка, 22,9 проценти Португалка, 14,1 проценти Италијанка и 4,6 проценти Алжирка.

„Навистина не го очекував тоа“, признала Кејт, која мислела дека тестот ќе покаже околу 85 проценти португалско потекло, а останатите северноафрикански.

Кога разговарала со мајка си за резултатите, добила нејасен одговор за тоа како сите сме „деца на светот“ и дека „сите сме поврзани“. Сепак, со текот на времето сфатила дека нејзината мајка не ѝ ја кажала целата вистина.

„Одеднаш открив дека родителите целиот мој живот ме лажеле за тоа кој е мојот татко. Мојот биолошки татко беше човек од Египет, кој починал пред вистината да излезе на виделина. Одеднаш тагував за некого што никогаш нема да го запознаам. Тоа беше најтешката вистина што морав да ја прифатам“, објаснила Кејт.

Таа била изгубена во болка и збунетост, и ништо не можело да го ублажи тоа чувство. Сепак, таа ја сподели и светлата страна од целата приказна – откри прекрасно ново семејство и три неверојатни браќа и сестри во Египет, кои ги цени неизмерно. Додаде дека сега тие повеќе не се странци и дека често ги посетува.