[ВИДЕО] Авион од Пула слета во Лондон: Кога повторно полета, се урна и се запали

Макфакс

14/07/2025

09:01

5.114

Големина на фонт

а а а

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена топка“, а аеродромот беше затворен до понатамошно известување. Нема официјални информации за жртви.

Несреќата се случила кратко пред 16 часот по локално време, а првичните извештаи сугерираат дека авионот долг 12 метри се запалил кратко по обидот за полетување.

Холандската компанија „Zeusch Aviation потврди дека нејзиниот лет SUZ1 бил вклучен во несреќата во Саутенд. Авионот претходно во текот на денот летал од Атина до Пула, а потоа до Саутенд, од каде што требало да продолжи кон својата база во Лелистад, Холандија.

Компанијата соопшти дека соработува со властите во истрагата и изрази сочувство.