[ФОТО] Најголемиот камен од Марс пронајден на Земјата, ќе биде понуден на аукција во Њујорк

Точка

14/07/2025

20:52

355

Големина на фонт

а а а

Каменот од Марс тежок 25 килограми ќе се најде на аукција во Њујорк, со очекувана цена од 2 до 4 милиони долари.

Тоа е најголемото парче од Марс некогаш пронајдено на Земјата, пренесува „Еуроњуз“

Каменот беше пронајден од ловец на метеорити во Нигер во ноември 2023 година, според аукциската куќа „Сотбис“.

Се верува дека потекнува од површината на Марс, кој по удар од голем астероид, патувал 225 милиони километри до Земјата, каде што на крајот паднал во Сахара.


Каменот е околу 70 пати поголем од најголемото камче од Марс пронајдено на Земјата и претставува речиси седум проценти од целиот марсовски материјал што моментално се наоѓа на планетата.

Аукциската куќа „Сотбис“ ќе одржи аукција во среда, на 16 јули, а покрај каменот, чија официјална ознака е NVA 16788, на продажбата ќе биде вклучен и скелет на млад диносаурус кератосаурус, висок над два метри и долг речиси три метри.