Туристите од соседна Србија ја открија една од најубавите плажи на грчкиот остров Тасос – плажата Vathi.
Мермерната плажа на Тасос важи за една од најпознатите. Неа ја посетуваат речиси сите туристи кои ќе се одлучат да летуваат на овој остров, меѓутоа во нејзина близина се наоѓа уште една плажа која го одзема здивот – плажата Vathi.
Досега на неа туристите не можеле да престојуваат, односно можеле да ја користат само гостите на хотелот, но судејќи по искуствата на туристите од Србија, од годинава можно е и тоа.
„Што се однесува до мене, ова е една од најубавите плажи на Тасос, а до минатата година беше затворена за туристите, но од оваа не е и можете слободно да уживате на неа иако хотелот е на самата плажа. Верувам дека сите одат на Мермерната плажа, па кога ќе дојдете до неа продолжете до плажата Vathi“, напишала блогерката Александра Дидиќ во Фејсбук групата „Грчка инфо“.
Под нејзината објава набрзо следеле коментари на други туристи кои го делат истото мислење со неа.
„Апсолутно најубава“, „Многу, многу поубава од Мермерната плажа“, „Баш е убава, но водата е малку ладна“...
Плажата Vathi е опкружена со неверојатна природа, а ја одликуваат ситниот песок и кристално чистата вода.
На плажата може да престојувате и со свои пешкири или да изнајмите лежалки од хотелот кои чинат околу 80 евра.