Несекојдневна појава на едно популарно грчко летувалиште: „Насекаде се, за 2 минути ве опкружуваат, внимавајте на децата“ – експертите дадоа и појаснување

Точка

16/07/2025

11:45

2.165

Големина на фонт

а а а

Туристите на Тасос предупредуваат на невообичаена инвазија на инсекти кои им го нарушуваат одморот.

Туристите кои деновиве летуваат на Тасос, се соочуваат со невообичаен проблем – огромен број пчели и оси кои пречат во секојдневните активност.

Еден член на популарната Фејсбук група „Грчкаинфо“ го споделил своето искуство и ги предупредил идните посетители да внимаваат, особено доколку се алергични или патуваат со деца.

„Ова ни е четврти пат како летуваме тука, осите и пчелите се составен дел од островот, но годинава бројот на истите е сериозно зголемен. Многу е тешко да јадете на отворено, а 20+ пчели да не се соберат во рок од 2 минути. Вака е на плажа, околу сместувањето, речиси насекаде“, пишува Србинот.


Како што вели тој, локалните жители исто така ја забележале оваа невообичаена појава и тие велат дека досега немало толку голем број на пчели и оси на Тасос.

„Велат дека жештината, недостатокот на нектари и пожари ги натерале пчелите да се спуштат во потрага по храна, па доколку сте алергични или со деца побарајте некое средство кое ќе ви помогне да се одбраните. Засега нема ништо што помага“, предупредува туристот.

Да ве потсетиме, изминативе денови на Тасос изби голем пожар во областа Гликади, близу Лименас којшто предизвикал евакуација на еден хотел, уништил повеќе барови на плажа и предизвикал паника меѓу туристите.

Пожарот го гаселе повеќе од 10-на пожарникари со помош на хеликоптери.

Зошто е зголемен бројот на оси и пчели на Тасос?

Експертите укажуваат на неколку главни фактори поради кои дошло до зголемен број на овие инсекти.

Жештина и суша

Долгиот период без дождови и високи температури доведуваат до сушење на растенијата, што значи осите и пчелите остануваат без природни извори на храна и вода. Исто така тие се вртат кон човековата храна, особено овошјето, соковите, слатките и месото.


Недостаток на нектари

Поради исклучително топлото лето, многу од растенијата на Тасос не процветале како вообичаено. Недостатокот на цветови значи недостаток на нектари, што ги тера осите да бараат алтернативи.

Пожари претходната година

Шумските пожари кои се случиле во овој дел од Грција, вклучувајќи ги и оние во околината на Тасос, го уништиле природното живеалиште на инсектите. Без засолниште и храна, осите се приближуваат до населените места, барајќи било каков извор на храна.


Природен циклус односно сезона на оси и пчели

Летните месеци (особено јули и август) се период кога колонии оси можат да се видат насекаде. Во тоа време инсектите помалку се хранат со ларви и бараат шеќери и протеини, што значи дека стануваат поактивни и поприсутни таму каде што има луѓе.

Човечки фактори

Парфемите, дезодорансите и кремите со слаткасти мириси дополнително ги привлекуваат инсектите, како и оставањето храна и пијалаци незаштитени на маса или на песок.