Четвртото летно засилување носи дилема за Чаби: Еден играч мора да си замине

Дерби

16/07/2025

11:56

815

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид вчера го претстави Алваро Карерас и младиот Шпанец стана најскап лев бек во историјата на „кралскиот клуб“, трансфер со кој Флорентино Перез доведе и трет дефанзивец како засилување за Чаби Алонсо.

Севкупно гледано, Карерас е четврто летно засилување за Реал Мадрид ова лето, но со реализацијата на истиот, стана јасно дека еден фудбалер ќе мора да си оди до крајот на месец август.

Ангажманот на фудбалерот на Бенфика прави да има прекубројност на левата бековска позиција, па како што уверува угледниот „АС“, јасно е дека еден од Фран Гарсија и Ферлан Менди ќе мора да биде „жртвуван“ од страна на новиот тренер.

Чаби Алонсо ќе мора да донесе одлука од кој играч треба да се откаже уште во раната фаза на подготовките, бидејќи дефинитивно не би имало никаква логика да смета на тројца играчи кои се класични леви бекови, особено ако се знае дека и Камавинга понекогаш може да покрие на таа позиција.

Во овој момент, се чини дека Менди е фудбалерот кој е најблиску до заминување поради честите проблеми со повреди кои ги имаше во последно време, но сепак за конечната одлука ќе треба да се почека уште некое време и истата ќе ја донесе Чаби.