Феликс Баумгартнер (56), познатиот австриски екстремен спортист, трагично го загуби животот во несреќа со параглајдер на Јадранскиот брег во Италија, пренесе државната телевизија "RAI". Несреќата се случила во близина на местото Порто Сант’Елпидио, а неговото тело било пронајдено во хотелски базен. Само два часа пред трагедијата, Баумгартнер објавил загрижувачка порака: „Премногу ветер.“
Според наводите на италијанските медиуми, Баумгартнер изгубил контрола над параглајдерот околу 16 часот, откако наводно му се слошило додека бил во воздух. Леталото паднало директно во базенот на хотелот, а ударот бил фатален. Полицијата и итната помош пристигнале веднаш, но спортската легенда починала на самото место.
Во инцидентот полесно е повредена и една млада жена, чие здравствено состојба засега не е прецизирана. Таа наводно се наоѓала во близина на местото на падот. Локалните власти спроведуваат истрага за сите околности на несреќата.
RIP Felix Baumgartner
— Judith Grohmann🇦🇹🇪🇺🇮🇱🎗️ (@EmmaPeel_Knight) July 17, 2025
56 Jahre jung
Österreichischer Extremsportler; er war der erste Mensch, der den Ärmelkanal ohne motorisierte Hilfe in der Luft überquerte. Er wurde durch mehrere waghalsige Stunts bekannt - etwa dem Stratosphären-Sprung 2012https://t.co/4jJd6TG6kl pic.twitter.com/U1s99hpE7j
„Премногу ветер“ – последната објава
Само неколку часа пред кобниот лет, Баумгартнер на својот "Instagram" профил објавил фотографија од местото за поаѓање со пораката: „Too much wind“ („Премногу ветер“). Иако беше познат по тоа што ги поместуваше границите на можностите, оваа порака денес звучи морничаво.
Легенда на екстремниот спорт
Феликс Баумгартнер стана светски познат во 2012 година, кога изведе скок од стратосферата од висина од 39 километри – настан што го следеа милиони гледачи ширум светот. Последните години живееше во швајцарскиот град Арбон, во кантонот Тургау.
Во текот на кариерата изведуваше спектакуларни скокови од облакодери, карпи и хеликоптери, а многумина го нарекуваа „човекот без страв“. За жал, неговиот последен лет заврши трагично.