Интер е свесен дека мора да направи неколку освежувања во тимот по напорната сезона во која остана без ниту еден трофеј, а во раната фаза на преодниот рок веќе успеа да обезбеди четири имиња за новиот тренер Кристијан Киву.
Покрај Никола Залевски чија опција за откуп беше активирана, Интер ги ангажираше и Луис Енрике, Петар Сучиќ и Анже-Јоан Бони, со тоа што фудбалерот од Парма до оваа фаза од преодниот рок е последно засилување.
Французинот доаѓа како свежа крв за нападот на Киву, но Интер не планира да застане тука и сака донесе уште еден елитен и докажан фудбалер кој беше да биде нов голгетер.
Интер ја прекина соработката со Марко Арнаутовиќ, сака да се ослободи и од Мехди Тареми, а како што јавува „Кориере дело Спорт“, прва цел на Бепе Марота и оперативците на Интер како идеално засилување е Адемола Лукман.
Италијанскиот вицешампион смета дека ѕвездата на Аталанта би било перфектно засилување за новиот систем кој го подготвува тренерот Киву, па за скоро време се очекуваат стартни преговори меѓу двата италијански клуба.
Лукман е фудбалерот за кого управата на Интер се очекува да направи значителен напор во периодот кој следи, но „Кориере“ додава дека на листата на Марота има и други имиња, а тоа се Луис Опенда од РБ Лајпциг, Бен Сехир од Монако и Кристофер Нкунку од Челси.