Беќири: Не бевме на посакуваното ниво, но ја остваривме целта

Дерби

16/07/2025

12:20

401

Големина на фонт

а а а

Јетон Беќири како тренер на Шкендија имаше шанса да го коментира пласманот на неговиот тим во втората квалификациска рунда во Лигата на шампиони, сето тоа откако македонскиот првак се справи со ТНС по 120 минути игра на „Тодор Проески“.

Шкендија беше подобар и поконкретен ривал уште во регуларниот дел, но откако мечот заврши 1:1, одлуката падна во 116-та минута кога гостите си постигнаа автогол по додавањето од Адеми.

– Играта не беше на нивото кое го посакувавме, но и покрај тоа создадовме доста шанси од кои искористивме само една. Моравме да го решиме победникот уште по 90 минути игра, но не успеавме во тоа.

– Жешкото време направи условите за игра да бидат многу тешки, но мора да бидам задоволен што на крајот ја остваривме целта.

Ривал на Шкендија во второто квалификациско коло ќе биде поранешна Стеауа, или актуелниот ФЦСБ.

– Стеау е сериозен противник и клуб со голема традиција. Имаме почит, но верувам дека со добро издание можеме да оствариме позитивен резултат. Да бидам искрен, мислам дека ќе ни биде полесно со ваков тип на противници, отколку со тимови како ТНС, – заклучи тренерот на Шкендија.