Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство – фокус на економската соработка, инвестициите и инфраструктурните проекти

Макфакс

16/07/2025

19:19

167

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска престојува во работна посета на Лондон. Во рамки на посетата, заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, оствари средба со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас.

На средбата се разговараше за потенцијалите за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, со акцент на продлабочување на соработката во областа на инвестициите, зголемувањето на трговската размена, соработката во делот на инфраструктурните проекти, како и на подобрување и модернизација на здравствените капацитети.

Воедно, беше потврдена важноста на заедничкиот раст и просперитет за развојот на меѓусебните односи, како и заложбата за соработка во насока на постигнување на овие цели.