Виландер со големи комплименти за Синер: Тој е десет години пред сите останати

Дерби

17/07/2025

10:59

67

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер на Вимблдон уште еднаш потврди дека е најдобар тенисер на светот и тоа во директен дуел со најголемиот ривал Карлос Алкарас кој му го „украде“ трофејот на Ролан Гарос.

Италијанецот овојпат не дозвови такво сценарио, го надигра шпанскиот колега и дојде до прв пехар на грен слемот во Лондон. Со ова уште еднаш ги воодушеви тениските фанови и аналитичари, а еден од оние кој најмногу го пофали е легендарниот Матс Виландер.

- Неговиот тенис е пет до десет години пред сите останати. Барем така замислувам дека тенисот ќе се развива во наредниот период. Исто како што во фудбалот се случува со играта на прв допир. Мислам дека Јаник сега ќе служи како пример за сите, сите ќе се обидат да го имитираат.

- Никогаш не сум видел некој да игра толку агресивно како Јаник. Тој секогаш се труди што побрзо да стигне до топката. Многумина ја удираат топката силно, но никој толку брзо и рано, без да чека таа да почне да губи висина, - вели Швеѓанецот и додава:

- Не секој може да игра како Карлос, бидејќи неговиот стил бара екстремен талент. Од друга страна, секој може да игра како Јаник бидејќи тоа не бара неверојатен талент, туку максимална посветеност на работата. Навистина е неверојатно колку многу напредуваше во последните две години, - заклучи Виландер.