Португалскиот репрезентативец Франсиско Консеисао и дефинитивно ќе остане во Јувентус, официјално откажувајќи се од својот процент од договорот кој го имаше со Порто.
Консеисао самиот инсистирал да ја продолжи кариерата во екипата чиј дрес го носеше и минатата сезона, но имаше ултиматум од претседателот Андре Вилјаш-Боаш да се откаже од 20 проценти, односно околу 6 милиони евра, кои беа предвидени лично за него од следниот трансфер.
Фудбалерот го испратил потпишаниот документ дека се сложува да се откаже од сумата доцна синоќа, односно на истекот на рокот даден од раководството на клубот, па сега веќе нема пречки за реализација на трансферот.
Јувентус ќе плати околу 32 милиони евра на четири рати за португалскиот крилен напаѓач, а комплетирањето на документите е она што го дели италијанскиот клуб од потврда на оваа информација преку своите клупски гласила.
Консеисао го убедил тренерот Игор Тудор дека му е потребен на неговиот тим за новата сезона, а иако сумата делува висока, сепак се работи за голем талент кој има само 22 години и настапува за Португалија, обезбедувајќи сериозен потенцијал за растење на трансфер сумата наредните години.