Барселона вчера со посебно задоволство го промовираше новиот договор на Ламин Јамал, како и неговото преземање на дресот со број десет, потези кои треба да ја зацврстат врската меѓу шпанскиот шампион и големиот талент кој веќе успеа да стигне до ниво да биде кандидат за „Златната топка“.
Јамал и претставниците на клубот не го криеја задоволството од вчерашната официјална потврда на веќе најавените активности, а фудбалерот открил дека целата церемонија била привремено одложена од негова страна поради една причина.
Новата „десетка“ на Барса инсистирала на присуството на својата баба, па двете страни морале да почекаат бидејќи таа била во Мароко.
– Овој настан беше кратко одложен поради мојата баба која беше во Мароко. Не сакав да го направам овој посебно важен чекор за мене без нејзино присуство.
– Мислам дека таа не го разбира значењето на денешната церемонија, но гледа дека сум среќен и тоа и е најважно. Можам само да и заблагодарам за што направи за мене, се обидувам да возвраќам секојдневно, иако веројатно никогаш нема да можам да се оддолжам, – рекол емотивниот Јамал.
LAMINE BRINGS HIS GRANDMA TO HIS CONTRACT RENEWAL!🥹👏🏻
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) July 16, 2025
During the presentation of his new number 10 and contract extension, the Barça star walked hand in hand with his grandmother — who’s been by his side since day one of his football journey!❤️💙#LamineYamal #FCBarcelona pic.twitter.com/bum82Bxncc