Синсинати му ја прекина рекордната серија на Меси и ја наполни мрежата на Интер Мајами

Дерби

17/07/2025

11:20

229

Големина на фонт

а а а

Позитивната серија на Интер Мајами заврши утринава со убедливиот пораз од Синсинати, тим кој успеа да ги неутрализира нападите на гостите од Флорида, прекинувајќи ја и рекордната серија на Лионел Меси.

Синсинати потврди дека сезонава има големи амбиции во МЛС, триумфирајќи со високи 3:0 во дуелот со составот предводен од Хавиер Маскерано, кој по натпревар признал дека неговиот тим бил надигран од мотивираните домаќини.

Валенцуела со еден и Евандер со два гола беа клучни играчи за победата на Синсинати на оваа средба, додека Интер Мајами со сите ѕвезди во тимот не успеа да дојде до погодок, а Меси и Суарез одиграа цел натпревар.

Во пресрет на овој натпревар, Меси постигна по најмалку два гола на последните пет средби и постигна нов МЛС рекорд, но остана без можност да го подобри против второпласираниот тим на Истокот. Синсинати сега има седум бодови повеќе од Интер Мајами, кој пак заостанува со три натпревари помалку.