Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: Силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Макфакс

17/07/2025

18:11

376

Големина на фонт

а а а

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари, соопшти ЦУК.

„Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во с.Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане, Стрновац“, според информацијата на ЦУК.

Во Скопскиот регион, се пријавени пожари помеѓу Индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“.

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, информира дека поради невремето не можат да се користат воздухопловите во гаснењето.