Добил страшен повик, па останал без 71.000 евра: Се повеќе монструозни измами – човек во Германија фрлил торба со пари низ прозорец

Точка

18/07/2025

15:11

864

Големина на фонт

а а а

Измамниците демнат од сите страни, а методите што ги користат за да дојдат до својата цел стануваат сè поинвентивни и шокантни.

На своја кожа тоа го почувствувал 93-годишен маж од Германија, кој верувал дека ѝ помага на својата ќерка – и директно во раце му предал пари на измамникот.

Како што објавува порталот "Fenix Magazin", постариот човек добил телефонски повик од лажен адвокат кој му кажал дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со фатални последици. Според неговите зборови, ќерката може да избегне затвор само доколку веднаш се предаде голема сума пари.


Исплашен и вознемирен, мажот поверувал во измислената приказна и фрлил торба полна со пари низ прозорецот. Во торбата имало дури 71.000 евра, кои измамникот ги зел и веднаш побегнал.

За среќа, неговата ќерка не била ниту повредена ниту вмешана во несреќа. Полицијата спроведува истрага и апелира до сите граѓани – особено до постарите – да не подлегнуваат на панични повици, особено кога се бараат големи суми пари.


Полицијата предупредува:

Не отворајте сомнителни линкови и не внесувајте лични податоци!

Апелот е јасен: сите граѓани, а особено постарите лица, треба да бидат исклучително внимателни при комуникација со непознати преку интернет и апликации.