[ФОТО] Вчера кралица на елеганцијата, а денеска чиста провокација: Омилената „џебна Венера“ во минијатурно бикини кое е совршено за секоја жена

Точка

22/07/2025

13:44

2.004

Големина на фонт

а а а

Ева Лонгорија е голем фан на летото, но и на минијатурните костими за капење кои со задоволство ги носи. Можноста да ги истакне раскошните облини не ја пропуштила ниту овојпат.

Вчера имавме можност да се восхитуваме на беспрекорниот изглед на Ева Лонгорија, односно неверојатниот стајлинг во којшто се појавила, а веќе денеска во провокативните изданија кои мамат воздишки.


Омилената џебна Венера одлучила да ја покаже и онаа другата, атрактивна страна, па храбро го отфрлила имиџот на гламурозна жена и го облекла еден од најмалите костими за капење кој се нашол во нејзиниот гардеробер.

Како што може да се види, Ева уживала во магиите на летото, а сите на плажата уживале и во нејзините раскошни облини.

Синото бикини ја истакнало нејзината неверојатна фигура на тело, а забележлив бил и нејзиниот прекрасен тен.


Класичниот крој на бикини со дискретни златни детали во облик на кругови кои се наоѓале на градникот и гаќичките совршено ја истакнале фигурата на Ева.

Ваквите костими за капење со горен дел во стилот на класичен градник и гаќички со низок струк се чест избор за многу од жените, а исто така стојат совршено на различни видови градби на тело и конфекциски големини.

Сината боја на бикинито пак ја нагласува летната свежина и е идеален избор за сите тонови на кожа.


Косата која ѝ била врзана и златниот накит дополнително го нагласиле гламурот на актерката, додека пак црните очила за сонце даваат нота холивудски шарм и ја штитат од силното сонце.