Арсенал постигна договор со Спортинг и Ѓокереш

Макфакс

22/07/2025

18:14

588

Големина на фонт

а а а

Крајот на сагата помеѓу шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш и Арсенал се ближи кон крајот. Наскоро двете страни ќе склучат петгодишно партнерство.

Според добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо, Арсенал постигнал договор со шевдскиот напаѓач.

На крајот, Спортинг од Лисабон ја прифатил понудата на лондонскиот клуб од 63,5 милиони евра, со потенцијални бонуси кои би можеле да изнесуваат дополнителни 10 милиони.

Сагата околу Ѓокереш и Арсенал трае со недели, а сега само се чека официјална потврда од Арсенал.

Ѓокереш потпиша за Спортинг во 2023 година, кога Ковентри заработи 24 милиони евра од трансферот.

Тој ја воодушеви целата планета, бидејќи постигна 54 гола и запиша 13 асистенции во 52 натпревари во сите натпреварувања.

Ѓокерешј игра за шведската репрезентација од 2019 година, а до денес постигна 15 голови во 25 настапи.