Кукурелја откри каква порака добиле од Трамп пред да го подигнат трофејот во Њу Џерси: Бев преплашен

Дерби

23/07/2025

15:09

737

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп беше составен дел од финалето на Светското клупско првенство, но и задолжен човек за да ги додели најважните и најпрестижни трофеи на премиерното натпреварување на ФИФА.

Во ситуација кога доби навистина одговорна задача, Трамп во свој стил реши да го украде шоуто и да стане дел од шампионската прослава на Челси, па така ѕвездите на лондонскиот тим го подигнаат трофејот додека до нив беше претседателот на САД.

Иако доби препорака од Џани Инфантино да ја напушти сцената на која се фудбалерите, Трамп одби такво нешто, а сега Марк Кукурелја се обиде да објасни што точно се случило.

– Ни беше кажано дека Доналд Трамп ќе ги врачи трофеите и дека според протоколот, не смееме да го подигнеме најважниот трофеј додека тој не ја напушти сцената.

– Сите чекавме да замине и да не остави сами, но тој едноставно не сакаше да замине. Неколку фудбалери го погледнавме, а тој само ни кажа: Подигнете го трофејот, јас останувам тука! Кој би можел да му каже било што, јас лично бев преплашен од неговото присуство, – признава Шпанецот.