Аталанта чека да ја официјализира продажбата на Лукман за да ја доведе прецртаната ѕвезда на Ливерпул

Дерби

23/07/2025

15:10

810

Големина на фонт

а а а

Аталанта е отворена за преговори и не ја затвора вратата на ниту еден фудбалер кој веќе не се гледа како дел од проектот во Бергамо, па таков е случајот и со Адемола Лукман, играч кој веќе некое време преговара со Интер.

По историската продажба на Матео Ретеги, Аталанта е подготвена да се раздели и со втората најголема ѕвезда во тимот, но сепак до тоа ќе дојде само ако бидат исполнети условите кои се побарани од Интер.

Клубот од Бергамо бара Интер да дојде блиску до 50 милиони евра во вид на фиксна исплата и одредени бонуси, а во меѓувреме, веќе го има договорено и фудбалерот кој треба да пристигне како замена за Лукман во првиот тим.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Аталанта веќе ги има договорено сите детали со Федерико Киеза за трансфер во Бергамо, па сега се чека само официјализирање на продажбата на Лукман, за да се активира и втората зделка.

Киеза нема иднина во Ливерпул и беше прецртан од Арне Слот за мини-турнејата која ја има англискиот шампион на подготовките, што автоматски му го отвори патот на Федерико за враќање во Италија.

Аталанта е во пол-позиција и ги држи конците во свои раце за поранешниот италијански репрезентативец, кој во новата сезона дефинитивно очајно ќе посакува да се прикаже во формата која го красеше од најдобрите денови во Фиорентина и Јувентус.