[ВИДЕО] Ја фрлила камерата на дното од океанот, па настанало морничаво видео кое го изненади светот: Сите се прашуваа што е ова

Точка

24/07/2025

11:00

6.078

Големина на фонт

а а а

Доколку не сте љубители на длабокото море, можеби треба да го тргнете погледот затоа што едно видео од морското дно ги изненади и исплаши оние кои го погледнале.

Алексис Вестланд, страсна едриличарка од САД, одлучила да го „зачини“ својот тренинг и да забележи нешто несекојдневно – ја спуштила својата водоотпорна камера на дното од „Marina del Rey“ во Лос Анџелес.

    Како што објаснила, идејата ја добила спонтано, додека била на тренинг по едрење. Иако не ги открила точните координати на снимањето, местото е директно поврзано со Тихи океан, па гледачите можат да стекнат впечаток како изгледа таинствениот свет под површината на еден од најголемите и најдлабоки океани на светот.

    Видеото го погледнале повеќе од 234.000 луѓе, но многумина откако го погледнале признале дека почувствувале непријатност.

    Според зборовите на Алексис, камерата била на дното од океанот неколку часа, но забележала само мала активност, што дополнително ги вознемирило гледачите.

    Во текот на 12-минутниот исечок од видеото, речиси и да не се забележува ниту едно морско суштество, иако многумина очекувале дека ќе се појави нешто.

    Наместо тоа, видеото прикажува зелена, матна нијанса на вода, додека камерата полека тоне и на крај паѓа на песочното морско дно. Единственото движење кое камерата го забележува се благите струи кои го поместуваат песокот, што целата сцена дава уште поморничава атмосфера.

    Додека сликата е статична, звукот којшто камерата го снимила привлекол уште поголемо внимание. Во описот на видеото Алексис пишува дека постојано се слуша „непрекинато зуење“ кое продолжило да одѕвонува дури и откако се оддалечила и продолжила со едрењето.

    „Се прашувам што беше тоа?“, додала таа.


    Гледачите напишале многу коментари, обидувајќи се да го погодат изворот на звукот, додека пак многумина признале дека самото видео направило да се чувствуваат непријатно.

    „Ова ми предизвика толку анксиозност, дали и некој друг го почувствува истото?“, напишал некој корисник.

    „Го мразам океанот. Самото размислување на него ме плаши. А, сепак еве ме повторно се плашам гледајќи го ова видео“, додал друг корисник.

    „Погледнете ја струјата. Доволно е јака да ги поместува камчињата како играчки“, забележал трет.

    „Најмногу ме плаши огромната празнина. Како само да чекаш дека нешто морничаво ќе излезе“, напишал друг корисник.