Ѕвездата на серијата „The Studio“, Ајк Баринхолц, моментално ги финализира преговорите со студиото „Amazon MGM“ за улогата на Елон Маск во новиот филм на Лука Гвадањино.
Неодамна беше објавено дека познатиот режисер собира силна актерска екипа за филмот „Artificial“. Во актерската постава се вклучени Ендру Гарфилд, Купер Кох и Јуриј Борисов.
Филмот „Artificial“ зборува за бурниот период во 2023 година во компанијата за вештачка интелигенција „OpenAI“, кога извршниот директор Сем Алтман беше отпуштен и повторно вработен во рок од само неколку дена. Филмот се опишува како „комична драма сместена во светот на вештачката интелигенција“.
Ike Barinholtz has been cast as Elon Musk in Luca Guadagnino’s ‘ARTIFICAL’
— DiscussingFilm (@DiscussingFilm) July 23, 2025
The film follows the story of the quick firing & rehiring of Open AI CEO Sam Altman, played by Andrew Garfield. pic.twitter.com/gGquUcCgcZ
Се претпоставува дека Гарфилд ќе го игра Алтман, додека Борисов ќе го толкува Илја Суцкевер, коосновачот кој го предводеше движењето за отстранување на Алтман од компанијата. Во моментов нема информации за тоа кого ќе го игра Кох.
Моника Барбаро сè уште е во преговори за улогата на главната технолошка директорка Мира Мурати.
Маск, заедно со Алтман и другите, беше коосновач и инвеститор во „OpenAI“ во 2015 година, но три години подоцна ја напушти компанијата, наводно поради несогласувања со насоката во кој се движеше. Особено му пречеше соработката со „Microsoft“, како и фактот дека сè се вртеше исклучиво кон профит, па постојано предупредуваше на потенцијалните опасности од вештачката интелигенција за човештвото.
Се очекува снимањето да започне до крајот на оваа година, откако сите актери и екипата на филмот ќе ги потпишат своите договори.