„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

14/08/2025

10:07

855

Големина на фонт

а а а

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот сегашен и поранешен претседател, крстарат со луксузна јахта низ Егејското море“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цела македонска јавност ги виде сликите од Венко Филипче и Зоран Заев како безгрижно, раскомотени со скапи пијалаци и луксузна (како што впрочем и тие ја нарекоа) храна, тераат ќефови на сред Егејско.

После приватната журка со Харис Џиновиќ во Дубаи, дуото Заев и Филипче своето уживање во луксуз го покажаа со јахтата го Грција, кој ретко кој бизнисмен, не само од Македонија, туку и од регионот може да си го дозволи.

Таков луксуз не може да се постигне со чиновничка плата, макар тоа премиерска, министерска, пратеничка, ниту пак со докторска.

Затоа прашуваме и очекуваме одговори, дали јахтата со која пловат Филипче и Заев е на Заев од марката Рива и истата чини 850 илјади евра?

На која фирма ја регистрирал и дали за нејзиното купување се употребени пари од државни тендери?

И додека СДС глумат душегрижништво за стандардот и платите во државата, Филипче и Заев за неколку часа пловење со луксузната јахта, само за гориво трошат една просечна плата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.