Целиот свет го гледаше срдечното ракување на претседателите: Трамп му аплаудираше на Путин – започна историскиот состанок на Алјаска

Точка

15/08/2025

21:35

4.028

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп и Владимир Путин, претседателите на САД и Русија, денеска ќе одржат историски состанок на Алјаска, кој би можел да трае и до шест часа. Главната тема ќе биде завршување на војната во Украина, но на самитот нема да присуствуваат претставници од Киев, ниту од Европа.

Трамп лично го пречека Путин на Алјаска.

Ова е прва средба лице в лице на Трамп и Путин по седум години, а почетокот е закажан во 11 часот по локално време, односно во 21 часот по македонско време.

Во иста лимузина го напуштија аеродромот

Путин му се придружи на Трамп во неговата претседателска лимузина, позната како американски „ѕвер“, додека ја напуштаа пистата и се упатуваа кон базата каде што ќе се одржи состанокот.

Овој потег е необичен за двајцата лидери, но аналитичарите сметаат дека тоа е можност Трамп и Путин да разговараат насамо, имајќи предвид дека форматот на состанокот е проширен.


Ракување и аплауз

Претседателите на Русија и САД излегоа од авионите и се ракуваа, со што започна историскиот состанок.

Трамп аплаудираше на Путин додека му приоѓаше, а при ракувањето неколкупати го потапка по раката.

Средбата ќе трае со часови?


Песков претходно објави дека самитот во Алјаска би можел да трае шест до седум часа.


Трамп, кој за време на изборната кампања повтори дека ќе ја заврши војната на Русија во Украина во рок од 24 часа, за време на летот на „Ер Форс Уан“ до Алјаска рече дека не може да каже што би го направило неговиот состанок со Путин успешен, но нагласи дека сака прекин на огнот.


На прашањето што би го направило самитот успешен, тој им рече на новинарите во „Ер Форс Уан“: „Не можам да ви кажам тоа. Не знам. Ништо не е зацврстено. Сакам одредени работи. Сакам прекин на огнот.“


„Сакам да видам брзо прекин на огнот… Нема да бидам среќен ако тоа не се случи денес. Сакам убивањето да престане“, рече тој.